Skip to main content

Градоначалникот Петрески и пратеникот Велјановски на тема туризам

Сега на крај од туристичката сезона се кршат копја околу тоа кој е крив поради слабата сезона. Петрески како и секогаш вели дека нивниот ангажман во туризмот е беспрекорен а условите кои ги дале на туристичките работници се пример и за останатите туристички места како треба да работат.

 |  Билјана Николоска  | 
petreski i veljanoski
petreski i veljansoki

„Идејата за субвенциите во туризмот не е ништо ново“, изјави актуелниот градоначалник Александар Петрески како одговор на пратеникот Шокароски, кој на денешниот прес кажа како плански се решаваат проблемите во туризмот. Но според Петрески главен проблем посебно за туризмот во Охрид, е како туристите да дојдат.

Gradonacalnik Aleksandar Petreski „Треба подобрување на патната инфраструктура од Гостивар – Охрид и Битола – Охрид. И секако авионскиот превоз. Времениот туризам подразбира брзо пристигање до целта ние не можеме да разговараме за современ туризам доколку потенцијалните туристи би патувале 15 и повеќе сати за Охрид“.  – Александар Петрески – Градоначалник на Охрид

Петрески уште многу зборуваше за субвенционирањето во туризмот и потенцира дека многу од идеите за тоа потекнувале од него и од стручните лица во Локалната самоуправа. Но според Петрески туристичките работници се задоволни од гостите, но останале со празни раце бидејќи субвенциите не им биле исплатени од Владата, и останува отворено прашањето дали до година истите агенции кои не добиле пари ќе бидат дел од програмата на Владата за субвенционирање во туризмот.
Додека пак пратеникот на СДСМ од Охрид Митре Вељаноски, зборуваше за Законот за туристичките развојни зони. Според него овој закон е заглавен во комисијата за економија, бидејќи нема поддршка од ДУИ.

Mitre Veljanoski„Проблемот со законот е во тоа што, дефинитивно флагрантно овој закон онака како што е предложен го суспендира процесот за децентрализациа, законот за градежно земјиште, законот за урбанистичко планирање бидејќи на агенцијата за туризам и се дава незаконски надлежности, на нејзин предлог, Владата да предложи туристичка развојна зона, потоа со таа зона продажбата да ја спроведува агенцијата и сето тоа има елементи на голема наезаконитост агернцијата сето тоа може да го прави во четири очи со по едно евро и условно да биде појасно може на предлог на Агенцијата за туризам може целото Охридско крајбрежје да се проглеси за туристичка развојна зона и без никакво влијание на Локалната самоуправа агенцијата тоа да го продаде“.  – Митре Велјаноски, пратеник на СДСМ.

Денес и официјално започна есента. Летната туристичка сезона, каква таква, е зад нас. Но она што ни претстои е жешка изборна политичка атмосфера во која по се изгледа се почесто ќе ги гледаме охридските пратеници во родниот град.

{loadposition content9}