Skip to main content

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

„Плановите се година дена во ваши раце, потпишете ги денес, па јас уште во петок ќе ги ставам на седница на совет.“-порача градоначалникот Петрески.

 |  Мишел Наумоски  | 
star grad
стар град

Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните урбанистички планови кои ги изготвила локалната се во рацете на министерството за култура.

Petreski„Токму Заводот за заштита на споменици неколку пати планот го враќа и сега конечно му е доставен пред десетина дена со конечната верзија која ја прифатија и еве ми ветија дека пред десет дена ќе биде готов, уште не е готов. Значи токму тие што го кочат планот, што го држат планот, јас имам десетина писма пуштено, не знам колку пораки имам до министерката и до Паско Кузман пуштено, значи токму тие што го кочат планот, обвинуваат зошто не врви планот. Јас еве апелирам, денеска ако го потпишат планот, утре да го потпишат, до седницата која е закажана за петок, јас ќе го донесам на седница планот.“-вели градоначалникот Петрески.

Прашањето за Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење или скратено Законот за Охрид, на собраниска седница го покрена пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој побара од министерката Канческа-Милевска, да интервенира до општината да ги донесе деталните урбанистички планови. Таа со одговор до пратеникот Николоски:

kale Ohrid„Оваа негрижа од страна на општина Охрид за културното наследство бидејќи досега ништо нема направено на тоа поле, пред се од непочитување на оваа законска регулатива и законот кој Република Македонија го донесе, има навистина огромна штета за Охрид, за културното наследство и граѓаните.“-рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Инаку Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење беше донесен на 08 Април 2011 година. Но за да биде спроведен, локалната самоуправа од Охрид требаше во рок од една година да ги донесе Деталните урбанистички планови за старото градско јадро и во рок од шест месеци плановите за контактната зона од крајбрежјето до булеварот „Железничка“. Овие ДУП-ови сеуште не се донесени на седница на советот на општина Охрид иако веќе поминале неколку месеци од истекот на предвидениот рок. Додека министерството за култура и локалната од Охрид се препукуваат кој е кочницата за неспроведувањето на овој закон, граѓаните на Охрид кои живеат во споменатите зони, не смеат да прават никакви доградби, измени, реконструкции на своите куќи бидејќи законот е на сила, но деталните урбанистички планови не се усогласени со донесениот закон.

{loadposition content9}