Skip to main content

Жителите на Петрино со отворено писмо и петиција до Градоначалникот

Жителите на улицата „Петрино“ наместо на асвалт веќе шест месеци газат во кал.  Тие со петиција бараат под итно да се санира овој за нив голем проблем. Од Локалната пак, велат дека до отворањето на асфалтните бази може да се изнајде само времено решение.

 |  Јаковлева Лионела  | 
petrino
петрино

„Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески.  Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните работи на „Петрино“ ги спроведувале кабелските тв Алсат и Инфел, а подоцна на средината од улицата раскопувале и од ЈП „Нискоградба“ за поставување на цевки за фекална канализација. Откога завршиле со зафатите само ја пошлунчиле улицата и си заминале. Одтогаш состојбата на оваа улица постојано се влошувала. Поставениот  шлунак на ископот  го однесе првиот дожд затоа што истиот не беше  ни квалитетен ниту набиен со механизација, велат граѓаните. Затоа жителите на оваа улица но и од улиците „Веле  Марко“,  „15-ти Корпус“, „Александар Турунџе“, „Српница“ и „Кленоец“  чии деца учат во училиштето ,,Кочо Рацин ” во населбата Радоица Новичич, а поминуваат по улицата Петрино, се одлучиле да соберат потписи. Петицијата треба да ја достават до Градоначалникот заедно со отворено писмо во кое е искажан  нивниот револт.petrino

Од Локалната се запознаени со овој проблем и велат дека градежните зафати на оваа улица биле неопходни бидејќи се работела комплетно нова канализациона мрежа затоа што претходно имало голем број диви приклучоци кои наместо во канализација биле приклучени во канал чии отпадни води се влевале во реката Сушица, а таа пак во езерото. Од фондот за комунален развој велат дека во најскоро време ќе следува реконструкција на улицата. Раководителот Зоран Шикалоски тврди дека улицата же се асвфалтира напролет кога ќе се отворат асфалтните бази, а деновиве издаден е налог за да се пошлунчи улицата со поквалитетен шлунак.

Да се надеваме дека ова времено решение од локалната ќе им ги намали маките на жителите од овај дел на градот барем до на пролет кога е предвидено авалтирање на улицата.

{loadposition content9}