Skip to main content

Клуб на млади

ПХВ трета работилница во Црвен крст Охрид

Обуката ја водеа дисеминаторот Ана Марија Петковска и помошник дисеминаторот Борче Исакоски, како и ПХВ мини менторите.
 |  инфодеск  | 
Пхв работилница

Изминатиот викенд во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана и третата, воедно и последна работилница за младинците од овогодинешниот ЦКА – ПХВ циклус.

Дел од раководството на општинската организација ја искористија оваа можност за да се запознаат и да ги поздрават младинците, но и да ги мотивираат за да продолжат со својата цел.

Обуката ја водеа дисеминаторот Ана Марија Петковска и помошник дисеминаторот Борче Исакоски, како и ПХВ мини менторите.

Пхв работилница

На истата беа исполнети следните очекувања и научени следниве нешта : Важноста на документацијата. Како се прави документацијата? Како се оценуваат проектите? Формирани тимови и избрани мини ментори. Им посакуваме среќа и успех на младинците, но и на сите кои се вклучени во овогодинешниот циклус во реализацијата на нивните проекти наредните два месеци – информираат од Црвен крст Охрид.

Пхв работилница
Пхв работилница

Во текот на изминатата недела по одржаната обука за ПХВ младинците беа одржани 5 средби меѓу формираните групи на младинци и нивните мини ментори.

Со ова официјално започна ПХВ циклусот во Црвен крст Охрид и на овие состаноци младинците се запознаа подобро меѓу себе и со нивните мини ментори, но и дискутираа за проектите кои сакаат да ги работат во текот на наредните два месеци.

Пхв средба