Skip to main content

Пицата најомилена меѓу средношколците

Само 28 % од средношколците редовно јадат овошје. Повеќе од половина средношколци во текот на времето поминато во училиште јадат само пецива а најомилено јадење им е пицата, покажуваат податоците од анкетата за здрава исхрана и однесување што ја направи Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
jadenje
јадење

anketaПица, хамбургери, тостови во комбинација со газирани пијлоци, претежно се на менито на младите особено на средношколците. Ова го покажале податоците од анкетата која ја спроведе ФТУ од Охрид. Идејата за едно вакво испитување се родила  како резултат на истражувањето по предметот нутриционизам кое го спровело факултетот уште во 2012 година под водство на професорката Ангела Василеска.  Тони Павлески дипл. менаџер по хотелско ресторанско работење анкетирал 550 ученици од цела Македонија  со цел да се дознае како се хранат младите средношколци, дали спортуваат, дали пушат, пијат алкохол.

„Од средношколците 30% во денот конзумираат 1-2 оброци што тоа е сосема недозволиво. 35% го прескокнуваат доручекот за кој стручните лица сметаат дека е најважен оброк кој треба да се конзумира, дури 54% изјавија дека јадат само пециво. 66%конзумираат брза храна еднаш дневно или повеќе пати во текот на неделата. Овошјето и зеленчукот за кои исто така се смета дека се важни продукти само 28% го конзумираат еднаш или повеќе пати во денот. 30% воопшто не јадат риба“ – објаснува Павлески.

jadenjeНајомилено јадење на учениците им била пицата бидејќи тоа го изјавиле дури 55% од нив, потоа доаѓа хамбургерот, додека пак варивата се застапени со 3% а тестенините со 5% . Задоволителен е процентот на конзумација на вода кај средношколците кој се движи во границата од 60%. И покрај ваквите прехрамбени ннавики  62 % од испитаниците биел со нормална телесна тежина додека 14% биле прекумерна тежина а 3% екстремно дебели.

„Училиштата сосема потфрлија само 18% добиваат информација од училиште додека најголемиот процент 56% за здравата храна ги добиваат од медиумите“.- вели Павлески.

Павлески потенцира дека загрижувачки е што голем процент од средношколците пијат газирани сокови  а исто така голем е процентот на конзумирање на алкохол кај оваа малолетна популација за време на викендите. Во однос на цигарите само 10% се изјасниле дека редовно пушат. Анкетниот прашалник е изработен под раководство и координација на Проф.Др. Ангела Василеска за тоа како се хранат младите средношколци во земјава т.е таргетна група на истражувањето биле младите од 14 до 18 години.

{loadposition content9}