На 30 октомври 2025 година, во 16:10 часот, на локален пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу трактор марка „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од страна на 58-годишник и патничко возило „Фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 72-годишник, двајцата од селото Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишна жена која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишна сопатничка во возилото „Фолксваген шаран“, двете од селото Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека возачот на тракторот бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.