Skip to main content

Ден на сесловенските просветители

Пијано концерт и изложба во чест на Св. Кирил и Методиј

Настанот во чест на Св Кирил и Методиј ќе се одржи во катедралната црква Св Софија со почеток во 19 часот. ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Во црквата Св Софија, на 24-ти мај Денот на Сесловенските просветители ќе се одржи прослава во чест на светите браќа Кирил и Методиј.
Настанот ќе започне со изложба на уметнички фотографии на Славчо Малезанов насловена „Охрид во духот на средниот век“. Филологот Проф. д-р Димитар Пандев ќе раскаже за животот и житието на Солунските браќа, по што ќе настапат ученици од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски.

Гостинка на концертот ќе биде пијанистката Викторија Митеска. По концертот, Ве покануваме да ни се придружите на малата коктел забава во предворјето на црквата.
Почетокот е во 19 часот, а ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.
Настанот е поддржан од МПЦ-ОА, НУ Охридско лето, Општина Охрид, Почесен конзулат на Република Србија во Охрид, Ресторан Св. Софија, Хотел Метропол и Културолошка иницијатива 5 до 12.