свр охрид
Пиштол пронајден кај охриѓанец
Полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода охриѓанец, кај кого во неговиот дом се пронајдени пиштол и куршуми.
На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


