Skip to main content

Кривична пријава

Пиштол и 22 куршуми пронајдени кај охриѓанец

Во домот на 28-годишен охриѓанец пронајдени се пиштол „ASTRA” калибар и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 16.07.2022 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден 1 пиштол „ASTRA” калибар 6,35милиметр и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.