Skip to main content

Тој одбил да биде прегледан од патолог

Пиштолот со кој е усмртена Маја бил на Филипс

Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска.
 |  инфодеск  | 
Маја и Филипс

Првичните информации за смртта на познатата мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Јанеска, девојка на тајкунот со цигари Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот, а понатамошната истрага, како што објави News24, утврдила дека пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на жртвата бил во сопственост на Филипс.

Тој допрва треба да даде изјава во полиција. Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и буквално додека разговарале за понатамошните чекори тој „се опколил со своите телохранители“.

Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни кога починала Јанеска, а ова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Извор/ФакторМк