„Питон“ стана концесионер на риболовната зона „Воска“
Компанијата „Питон“ стана концесионер во сферата на рибарството на риболовната зона „Воска“ за стопански риболов која се протега од селото Подмоље до Св. Јован Канео и рекреативна зона (ревир) Охридско Езеро за рекреативен риболов која го опфаќа целиот дел на Охридско Езеро кој припаѓа на Р.С. Македонија Охрид и Струга, каналот Студенчишта и сите притоки на Охридско Езеро како што се Коселска Река, Велгошка Река, реките Черава и Сатеска и сите нивни притоки освен изворите кај Св. Наум и заштитените зони на езерото, информира претријатието.
Од таму навремено ги информираат сите заинтересирани за легален и законски риболов дека во текот на оваа недела ќе биде истакнат и ценовник на услугите и дозволите за риболов и потенцираат дека секој незаконски риболов по наведените реки и езерото ќе се санкционира по Закон без исклучок.


