Утре со почеток во 12 часот, во просториите на Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во Прличевата одаја ќе се одржи ,,Пладневно поетско матине”, на кое ќе се чита проза и поезија од пензионери автори од општина Охрид.
Матинето е организирано од Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.