Плаќаат комуналии за услуги што не ги добиваат
Без фекална и атмосферска канализација, улично осветлување, со раскопан пат натрупан со мини депонии е дел од секојдневието на мештаните на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Тие од надлежните во Локалната самоуправа бараат еднаков третман како и жителите од централното градско подрачје бидејќи плаќаат комуналии и без овие инсталации.
Улицата „Живко Чинго“, е небезбедна. На дел од улицата надвиснала металната ограда од некогашната база на Трудбеник. Како што пренесоа мештаните оваа метална ограда така стои речиси една година како последица од минатогодишниот голем снег. Но не само тоа, укажаа дека оваа жица претставува и сообраќаен проблрем бидејќи не ретко кога од тука поминуваат поголеми возила се оштетуваат.
„Овде за оградава дојдоа од инспекторатот видоа, ветија дека ќе дојдат утре задутре, но од тогаш помина а неколку месеци никој не е појавен од тогаш, требало машини, па јас неможам да го исчистам тоа ако имаат машинерија да го исчистат тоа“
Ова не е единствениот проблем на мештаните од овој потег. Нашиот соговорник укажа на низа проблеми со кои се соочуваат. Тој рече дека надлежните само ветуваат но никако да пристапат кон решение на проблемите.
„Интервениравме во Фондот за комунален развој, имаме доставено и барање, кое до ден денес не решено. Два до три пати интервениравме и ни обеќаа дека ќе ја направат и канализацијата и осветлување како и тоа дека ќе ја исчистат улицава. Оваа улица никогаш не профункционира а поминуваат илјадници возила, секогаш во лето се давиме во прашина а зима во кал, уредно ги плаќаме комуналните давачки, за мене неразбирливо како државата бара од нас а ништо е дава“.
Мештаните укажаа дека и покрај тоа што од општина Охрид инсталирале улично осветлување до ден денес ниту една светилка не светнала. А најголем проблем претставувале мини депониите во близина на Велгошка река, каде несовесните граѓани одлагале секаков вид на отпад а не ретко тука ги фрлале и пцовисаните животни од кои се ширела неподнослива реа посебно во летниот период. Во врска со овој проблем денес не успеавме да стапиме в контакт со секторот за комунални дејности улици и патишта. Очекуваме одговор во најбрз можен рок, не само за овие комунални проблеми од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“ туку и проблемот со поплавениот влез на ул „Туристичка“, како и за оној за запуштената ограда на влезот во населбата Христо Узунов, која е опасна и месеци наназад не е санирана, а за кои надлежните од секторот се инхформирани и ни ветија одговор.