Skip to main content

Планинската спасителна служба од Охрид започна со тренинзите за совладување на возачките вештини

Планинската спасителна служба од Охрид започна со тренинзите за совладување на возачките вештини.

 |   | 

Планинската спасителна служба од Охрид започна со тренинзите за совладување на возачките вештини.

Се надеваме дека снежните услови ќе потраат. Редовните тренинзи и вежби се единствен начин кој гарантира ефикасност на спасителните операции. Од друга страна, редовните тренинзи, за волонтерите претставуваат силен мотивирачки фактор и гаранција дека системот во кој безрезервно се вложуваат, постојано се грижи за нивната безбедност и подготвеност“, велат од ПСС.

Планинската спасителна служба, неодамна доби нови возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови, Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид започна со тренинзи за совладување на возачките вештини.

Опремата е набавена во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, а како своевидно продолжение на проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“, преку кој беше набавена опрема за спасување во вода. Партнери во овој проект се општините Дебрца од македонска и Грамж од албанска страна, но ќе бидат користени за потребите на целиот регион.