Skip to main content

Mountain madness

Планински фестивал Магаро 2022

Авантуриститичка викенд забава во Националниот парк Галичица пропратена со планинарење, велосипедизам, логорување.
 |  инфодеск  | 
Планински фестивал

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по трет пат организира викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.

Денес 18 јуни започнува оваа авантура со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв.

Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци.После завршувањето ке се организира забава на плажата Св.Наум. 

Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.

Тргнување во 7 часот пред салата Билјанини Извори. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност.
За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко.