Skip to main content

Седница на Совет на Општина Охрид

Од планирано до реализирано

Усвоен извештајот за реализација на Буџетот на Општина Охрид за првите три месеци. Локалната вели успешен квартал, опозицијата резервирана.
 |  Голабовски Крсте  | 
Седница на совет

Локалната се пофали со успешна реализација на програмите и остварување на буџетот во првиот квартал од годинава. Заменик градоначалникот Перчо Божиновски истакна дека Општина Охрид заклучно со овој прв квартал, остварила приход од 27% од вкупно проектираните приходи, додека оставрувањето на приходите од основниот буџет се високи 27.34% од планираниот буџет. Или за 52 % повисока реализација во споредба со првиот квартал од минатата година.

„Вака вкупно остварените приходи, како и процентот на остварување од вкупно проектираните приходи покажуваат дека реализацијата се движи во процент поголем од идеалните рамки. Процентот можеме да кажеме дека е на одлично ниво.„Има доста програми кои имаат реализација над 50%“, – вели Перчо Божиновски – Земник Градоначалник Општина Охрид.

Тоа се програмите за одржување на урбана опрема, за јавна чистота, за поттикнување на развојот на туризмот, спорт и рекреација, основно и средно образование и за унапредување на здравствената заштита. Но, од опозицијата пак, го тврдат спротивното. Велат дека кај одредени програми од најразлични сфери на општественото живеење реализацијата е нула. Потенцираат дека без јасен приказ за наплатени средства по основ на извршни решенија, не може да се знае кој е реалниот процент на успех на реализација.

„Се додека немаме јасни показатели, колку средства од жиро сметката на општина се одземени по основ на извршни решенија од доверители, ние не можеме да имаме ни јасни показатели, колку општината успеала во реализацијата на буџетот, односно немаме јасни показатели за степенот на успешност на програмите.Во голем дел од програмите релаизирано е малку, но има и програми каде не е реализирано ништо“, – објасни Живка Ангелoска – советник и координатор на СДСМ.

Ангелoска наброја дека нула е реализиција на програмите за заштита на животна средина, за поттикнување на ЛЕР, капитални инвестиции за други комунални дејности, за обезбедување и одржување на улици, за градинките, за ППЕ и друго. Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески со објаснување во врска наплатени средства по основ на извршни решенија, дека извештајот ја прикажува реалната состојба.

„Првото присилно извршување кое ја надмина рамката беше во месец април, што значи дека овој процент е реален и не станува збор за надминување, односно префрлање на средства по тие програми врз основа на тие присилни решенија, судски пресуди према Општина Охрид“, – кажа Александар Китески – секретар на Општина Охрид.

Во извештаите за вториот квартал, ќе бидат прикажани извештаите за тие присилни извршни решенија и ќе знаеме од кои програми колку средства се земени, вели Китески. Додава дека во месец април, можеби од мај само од една програма се земени средства, од Програмата за уредување на градежно земјиште, но кога ќе се разгледува вториот квартал ќе се види детално.