Skip to main content

Планот на Домот за стари лица наскоро пред советниците

Се очекува успешно да завршат преговорите помеѓу локалната самоуправа и  Министерството за транспорт и врски за отстапување на државно земјиште кое ќе биде наменето за изградба на Дом за стари лица најавува Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам и просторно планирање. Тој ги појаснува деталите околу  подготовката  на документацијата за градба.

 |  Валентина Неловска  | 
stari lica
стари лица
magnusСе очекува успешно да завршат преговорите помеѓу локалната самоуправа и  Министерството за транспорт и врски за отстапување на државно земјиште кое ќе биде наменето за изградба на Дом за стари лица најавува Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам и просторно планирање. Тој ги појаснува деталите околу  подготовката  на документацијата за градба.
„Завршени се измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со изработка на локалната планска документација сме при крај“, истакна Арнаудов. „Извршена е ревизија  и до крајот на април ќе се најде за усвојување пред охридските советници“.   
Локацијата на Домот за стари лица  ќе биде на државно земјиште, со површина од 8000 метри квадратни на простор во населба Даљан, веднаш после хотел Магнус. Но, останува неизвесно кој ќе го гради и дали градењето ќе биде швајцарска донација како што беше првично најавувано.
„Додека не се изготви техничката документација рано е да се разговара за тоа вели Арнаудов. Прво треба да се види колкава е вредноста за изградба на објектот, па потоа ќе се прави финансиска конструкција. Од тоа ќе зависи дали градењето на Домот ќе биде со јавно приватно партнерство нагласува Арнаудов..
Изградбата на Домот за стари лица е  иницијатива на Здружението на пензионери од Охрид и Струга. Контактите на Здружението со локалната самоуправа траат скоро 3 години и се досега се трагаше по соодветна локација кажува Арнаудов.  
{loadposition content9}