Skip to main content

Плажите не се подготвени за престојната туристичка сезона

Концесионерите на охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Бараат помош од Локалната. Од таму пак велат дека не е нивна обврска да преземат било што, но ќе направат напори се со цел туристите кои ќе дојдат во градов да заминат задоволни

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaza
плажа

Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите.plaza


Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште, концесионерите се тие кои треба да си ги уредат плажите почитувајќи ги сите барања кои се наведени во договорот кој го склучија сo Министерството за транспорт и врски. Закупците на десетте плажи на охридскиот дел од крајбрежјето доколку не ги испочитуваат обврските можат да се доведат во ситуација министерството да им ги раскине договорите. Од Локалната додаваат дека и покрај тоа што тие не се должни да помогнат околу уредувањето на овие плажи подготвени се да седнат на маса со концесионерите на плажите,  да ги слушнатнивните проблеми и барања и доколку има простор во некој дел да им се помогне, а се со една единствена цел, поуспешна туристичка сезона.

Поинаква е пак, приказната со плажите кои немаат закупци. Нив треба Локалната да ги чисти и уредува. Но, и тие се во незавидна состојба. Шут и ѓубре на сите страни, а наместо капачи затекнавме други четириножни посетители. Од Локалната ветуваат дека во најбрзо време ќе се зафатат со работа. Чистењето на плажите е обврска на ЈП Комуналец и е опфатено со акцијата за чистење која започна денес.

{loadposition content9}