Skip to main content

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Од понеделник започнува една голема акција на општинскиот инспекторат во која ќе се исконтролираат  сите плажи кои се издадени под концесија од страна на Општина Охрид. За сите оние кои не го почитуваат законот  ќе следуваат санкции.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaza
плажа

 

Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите.

Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се испочитувани условите за јавна чистота, дали се одржува хигиената, дали има интернет и др. На оние плажи пак кои не се под концесија хигиената по налог на инспекторатот треба да ја одржува ЈП „Комуналец“.

Веќе на некои плажи сме излезени и дадени се налози до комуналец за нивно чистење. На дел од нив утврдени се неправилности бидејќи се изградени објекти кои не се дозволени па затоа на прекршителите им се издадени соодветни пријави, вели Милески.

Милески посочува дека против сите оние кои не го почитуваат законот било на плажите под концесија било на оние кои се слободни, ќе следуваат санкции. Прекршителите ќе плаќаат глоба од 3000 до 7000 евра. Доколку на плажите кои се под концесија утврдиме големи отстапувања имаме право еднострано да го раскиниме договорот за закуп со сопствениците и да се активира банкарската гаранција од еден милион денари која сопствениците ја имаат дадено пред закупот, дециден е Милески.

{loadposition content9}