Skip to main content

Хрватскиот премиер Пленковиќ слета во Охрид во официјална посета на земјава

Премиерот Мицкоски заедно со министрите утрово го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид со високи државни почести.
 |  инфодеск  | 

Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот Мицкоски заедно со министрите утрово го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид со високи државни почести.

Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а потоа ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.

Како што соопшти Владата, потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средна на сопственици на компании од двете држави.