Skip to main content

Плоштадот на четирите рајски реки, ново катче за одмор и релаксација на охриѓан

Во очи националниот празник, осми септември свечено беше  отворен новиот плоштад во Охрид. Плоштадот на четирите рајски реки ќе биде новото катче за одмор и релаксација на охриѓани.Еден дел од плоштадот е уреден во вид на амфитеатар, кој ќе се користи како место за културно-забавни манифестации.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Новиот плоштад кој се ноѓа кај некогашниот Мини маркет синоќа беше свечено отворен пред многубројните граѓани, претставници на локалната самоуправа, советници и пратеници. Овој простор од 1000 метри квадратни кој е партерно и хортикултурно уреден и оплеменет со две фонтани и целосно осветлен ќе биде ново катче каде граѓаните ќе се одмараат и релаксираат. Градоначалникот Никола Бакрачески вбо своето обраќање пред присутните рече дека ѓе остави граѓаните да му го дадат името на новиот плоштад.

За повозрасните охриѓани овој простор беше познат како Дуборезачка, за помладите генерации  го препознаваат како Мини маркет, а останува на граѓаните да го именуваат според свое видување, рече градоначалникот Бакрачески.

 8,6 милиони денари чинеше изградбата на плоштадот, а градежните работи ги изведуваа општинските јавни претпријатија, додека двете фонтани ги градеше охридската фирма „Еуро Стил“. Централно место на плоштадот зазема фонтаната која  е украсена со мозаик изработен од локалниот уметник Никола Упевче.Мозаикот претставува реконструкција на антропоморфните претстави за четирите рајски реки претставени во ранохристијанската базилика на Плаошник, која датира од 5-6 век. Мозаикот е работен според  зачуваните оригинални портрети, а вметнат е и четвртиот, реката Тигар, кој недостасува,така што сликата е целосна. Ова е  единствен ваков портрет во државава.

Еден дел од плоштадот е уреден во вид на амфитеатар, кој ќе се користи како место за културно-забавни манифестации.

Просторот кај малиот плоштад ќе биде простор на кој сите уметници, дејци и културни работници ќе можат да се изразуваат и да се престават пред вас , охриѓани, рече градоначалникот.

Инаку, изградбата на плоштадот започна есента минатата година и беше ветено дека ќе биде направен за празникот Водици, но работите закочија па тој се доврши речиси после една година.

{loadposition content9}