На предлог на градоначалникот, советот на општина Дебрца ги усвои измените и дополнувањата на Годишната програма за образование за 2022 година.
Со измените се врши проширување на мерката „Добредојдовте првачиња”, со што општината за секое запишано прваче во ООУ „Дебрца”, во учебната 2022/2023 година ќе обезбеди еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.
Покрај финансиската поддршка од општината и оваа година Фондацијата „Капинков”, на Драган Капинков, кој живее и работи во Перт, Австралија за секое прваче во ООУ „Дебрца“ ќе обезбеди комплет училишен прибор.
Во телефонскиот разговор што пред неколку денови го имав со г-дин Драган Капинков ми потврди дека и оваа година ќе донира за нашите првачиња, нешто што Фондацијата непрекинато го прави од 2013 година, а за што му изрaзив голема благодарност – напиша градоначалникот Ногачески на официјалниот фејсбук профил.