Skip to main content

По две и пол години пауза во Охрид се роди првото бебе

Започна со работа гинеколошкиот оддел во ново изградениот блок на Општа болница Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
bebe
bebe

Започна со работа гинеколошкиот оддел во ново изградениот блок на Општа болница Охрид. По две и пол години пауза на болницата, денес, со царски рез на свет дојде малечката Мила. Мајката Марија Арнаудова и бебето се во добра здравствена состојба.

majka„ Мила е мојот втор пород, втора ќеркичка. Операцијата помина супер благодарение на стручниот тим. Се се заврши прекрасно, а има и одлични болнички услови, пресреќна сум“, изјави  родилката.  

Оперативниот зафат со кој се изврши породувањето го изврши стручен медицински тим со кој раководеше гинекологот, д-р Ѓоко Танески.

„ Се породи женско дете, тешко 3.990 грама, 52 цм долго. Пациентката и детето се во добра состојба. Се надевам дека од сега натака ќе се гледаме за убави работи. Условите за работа се многу подобри од тие што беа порано. Имаме  2-ца доктори кои се на специјализација и со нив ќе применуваме и други оперативни зафати кои не се применуваат на  нашиот оддел.“

bebe Медицинскиот кадар на новиот оддел не го крие задоволството од сегашните услови кои ги имаат за работа.
Д-р Благовесна Паскали, неонтолог вели „ среќни сме што имаме вакви услови за работа, а среќни се и бебињата што се рoдија во ваква болница. Досегашните знаења ќе ги применуваме и во новите услови. Се надеваме дека установата ќе прерасне и во регионален болнички центар“.

Во моментов на новиот гинеколошки оддел работат 5 мина гинеколози. Одделението располага со 16  гинеколошки и акушерски кревети, нов интензивен оддел за бебиња опремен со ново ехо за гинеколошки и неонтолошки  дијагностицирања.  

{loadposition content9}