Skip to main content

Антикризни мерки

По која цена купивте леб денеска?

Леб по пониска цена, најавија пекарите. Власта пак, најави засилени контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат во маркетите.
 |  инфодеск  | 
леб

Леб по пониска цена, најавија пекарите.

Компаниите од прехранбената индустрија, кои од 1-ви декември ќе користат субвенционирана струја во своето производство, треба да ги намалат цените на основните прехранбени производи во претстојниот период. Први од листата основни производи кои треба да се продаваат по корегирани пониски цени за 10% се пекарските.

Власта најави засилени контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат во маркетите. Министерот за економија ги повика и граѓаните доколку забележат дека цените на основните прехранбени производи во маркетите не се намалени или ако се злоупотребени од некои трговци, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

За да направиме анализа колку реално ќе има намалување на цените во малопродажба, ТВМ ве повикува да споделите информација за тоа од каде и по која цена купивте леб, од денес, па во наредните неколку денови.

Пополнете го прашалникот: