Skip to main content

По краткиот застој продолжуваат градежни зафати врз Али Пашината џамија

По краткиот застој продолжуваат градежни зафати врз Али Пашината џамија. Од Завод и музеј доправа ќе се произнесат за што поконкретно станува збор. Граѓаните пак, со свои размислувања за проектот со изградбата на 32 метарското минаре во охридската чаршија.

 |  Валентина Неловска  | 

Повторно се активираат градежни работи на Али пашината џамија. По одреден застој деновиве поставени се скелиња на кои ќе се работи. ТВМ Телевизија упати прашање до НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид во кое се бара одговор на што се донесуваат градежните активности во моментов. Од таму допрва ќе се произнесат по нашето барање. Во меѓувреме дел од охриѓани со свои ставови и размислувања околу проектот со кој се планира изградба на минарето високо 32 метри во охридската чаршија. Сметаат дека  ќе се променат визурите на градот  и надлежните треба да водат сметка за  оправданоста на проектот. 

Инаку, градежните работи врз џамијата почнаа во месец април годинава. Реконструкцијата на овој споменик на културата од 16 век ја разбранува јавноста кога медиумите објавија дека со проектот се предвидува надградување на минарето од џамијата во висина од 32 метри. Проектот го финансира дирекцијата на вакуфи на владата на Р. Турција а носител и корисник е ИВЗ.

Конзерваторско ретавраторските работи и реконструкцијата на џамијата се пропратени со реакции од граѓаните дека се прекршуваат закони, дека изведувачот не ги поседува потребните одобренија, пријави од граѓани до Државната градежна инспекција и Управата за заштита на културното наследство. Но, истовремено за цело време од другата страна  нетранспарентност на надлежните инспекциски служби кои не проговорија јавно за тоа дали работите се одвиваат во целост согласно законските прописи.

Истовремено како што напредува реализацијата на проектот, дел од граѓаните се организираа во граѓанско здружение „Совест“. Тие најавуваат дека ќе бараат стопирање на проектот, ставање на целокупната документација на увид на јавноста, да се види дали се испочитувани законите како и јавна дебата во која ќе се земе предвид ставот на населението за еден ваков проект со кој доколку се реализира ќе се смени ликот не само на чаршијата туку и градот кој е под заштита на УНЕСКО.