Skip to main content

Центар за култура григор прличев

По повод светскиот ден на театарот на репертоарот Енергични луѓе

Во понеделник на 27-ми март со почеток во 20 часот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ по повод светскиот ден на театарот.
 |  инфодеск  | 
Енергични луѓе

По повод светскиот ден на Театарот на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски во понеделник на 27.03.2023 година, со почеток во 20.00 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.

Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни – велат од Центарот за култура „Григор Прличев“.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Без резервации.