Skip to main content

Цар борис трети

По трет пат оштетен бугарскиот клуб во Охрид

Синоќа во 19:12 часот во СВР Охрид пријавено е трето оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“.
 |  инфодеск  | 
Искршено стакло бугарски клуб

Трето оштетување на бугарскиот клуб во Охрид, овој пат со оружје.

Синоќа во 19:12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана на бул. „Македонски Просветители“ во ТЦ Амам во Охрид.

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје. За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот – информира портпаролот на СРВ Охрид Стефан Димоски.