Skip to main content

Побрз пристап и добивање документација за градба од урбанизам бараат агенците за недвижности

Побрз пристап и добивање  документација за градба од урбанизам бараат  агенците за недвижности.

 |  Валентина Неловска  | 
недвижности
недвижности

Агенциите за недвижности бараат  полесен и поефикасен пристап до информации во секторот за урбанизам.  Агентите за недвижности имаат потреба од побрзо доѓање  до урбанистичката документација. Посакуваат и предност при приемот во урбанизам како правни лица. На досегашното чекање и губење време пред вратите на урбанизам посакуваат да му се стави крај. Александар Трајкоски од агенцијата Енхелеја укажува дека со новата  Локална власт работите се придвижиле кон подобро, но не и доволно.
агенција
„ Треба да има промени од луѓето кои работат. Уште по позитивно и побрзо  да ги решаваат работите. Легалзиацијата тргна побрзо и се надеваме отсекот за урбанзиам ќе добие се што е потребно за работите да се одвиваат побрзо и поефикасно за ние да ги добиваме информациите во електронска форма. Да нема потреба ние какоа агенции за недвижности да одиме во урбанзиам за нашите клиенти да ги прашуваме вработените. Туку поголем процент од информациите, урбанистичките планови за локациите да ги добиваме на интернет на сајтот“.   

Агенциите за недвижности за издавање на Извод на план од секторот за урбанизам чекаат од еден до два месеци. Спорото  работење значи  помала заработка за агенциите,  но и слевање помалку  пари во општинската каса. Побрзото добивање документи пак значи побрза градба и поголем приход и добивка за сите, напоменуваат агентите на недвижности.

Портпаролот на  Локалната самоуправа, Томе Џамтоски на ова барање одговара дека во секторот за урбанизам секој вторник од 9 до 15 часот ќе организираат средби со граѓани и правни лица.  Целта е сите служби од локалната на едно место да го олеснат пристапот до информации од урбанистичката сфера.
општина
„Се разбира ваквите средби се отвараат и за други правни лица, пред се правни лица и агенции кои работата со недвижности и да побараат нешто што е во интерес за нивното работење и во интерес на граѓаните“.   

Агенциите за недвижности засега се задоволни од средувањето на работата на катастарот и брзината со која се добиваат имотните листови, а посакауваат слична ефикасност и од остантите институции.

„Катастарот е среден,  за 180 степени работата е подбра.  Околу урбанизам, инфраструктурата, патиштата, водата и  струјата, работите  да бидат побрзи  и се да биде донесено навреме.“

Посебна главоболка на агенциите за недвижности им задаваат нелегалните агенции. Државата нема изготвено законска регулатива за да ги среди состојбите со нелојалната конкуренција. Сеуште нема воведено лиценци за работа, а нема ни санкции за оние кои рабоата на нелегален начин, посочуваат агентите за недвижности.

{loadposition content9}