Skip to main content

Се почесто незадоволство од работењето на градинката

Родителите стануваат се понезадоволни од работењето на детската градинка „Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Нелоска  | 
gradinka
градинка

Родителите стануваат се понезадоволни од работењето на детската градинка „Јасна Ристеска“.

gradinkaРеакциите се однесуваат и на продолжениот престој. „Просторот е тесен и мал е бројот на учителките, а некои од децата се често агресивни“ потеницраат некои родители.  
Одговор на прашањето, кое се наметнува, дали  ваквата состојба е резулатат на голем број вработени со договор на дело, побаравме од директорката Марина Тодороска Петровска.
Директорката на детската градинка ги отфрла ваквите забелешки. Вели  задоволна е од работата на персоналот. Додава дека и покрај нерешениот статус  секогаш  може подобро да се работи. На нејзина адреса немало поплаки од родителите.
Тодороска  Петроска објаснува дека во нивните установи се згрижени околу 660 деца од 6 месеци до 6 години. За нив се грижат 29 воспитувачки и 37 негувателки. Во продолжен престој  пак престојуваат над 50-тина деца. За  воспитно образовниот процес се грижат 4 наставници. Во трите детски јасли пак во моментов има околу 46 деца, а за секоја група се грижи по една негувателка и воспитувачка. Во моментов со нерешен статус во детската јавна установа „Јасна Ристеска“ се 26 вработени од сите профили. Иако министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, при пуштањето на народната кујна во Охрид, минатиот месец, вети дека наскоро ќе се реши нивниот статус досега ништо од ветувањето. Во прилог на тоа оди и Владината одлука да нема нови вработувања до 1.1.2010  година.





{loadposition content9}