Skip to main content

Почина пензионираниот дописник од МИА Борис Ѓорѓиоски

На 75 годишна возраст ВИКЕНДОВ , по кратко боледување, почина пензионираиот дописник на МИА од Охрид Борис Ѓорѓиоски . Новинарството беше неговата животна определба, професијата од која се пензионира, но не престана да ја работи и после тоа.

 |   | 

Студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, каде беше познат по неговите интервјуа и репортажи. По кусото волонтирање во „Политика“, добил уредничко место во Радио Младеновац, а потоа станува и дописник на Радио Белград од Скопје.

По распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора радиото МСБ. Поради економска криза и големите долгови радиото се затвори, по што Ѓорѓиоски станува дописник на државната новинска агенција МИА од Охрид, во која работеше се до пензионирањето. Ѓорѓиоски беше и координатор на регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија.

Колегитте и неговите соработници ќе го паметат како исклучителен професионалец кој несебично своето знање го споделуваше со помладите генерации новинари и по тоа што во слободното време беше страствен риболовец , но и сликар

Посмртните останки на колегата Ѓорѓиоски денес ќе бидат изложени во Градската капела од 10 до 11 часот по што ќе биде погребан на градските гробишта во Охрид.