Почна имунизацијата со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“
Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пунктови во салата Борис Трајкоски во Скопје. Вакцината ќе биде дадена на околу 3.000 граѓани за кои се закажани термини.
Почна вакцинацијата за македонските граѓани со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“. Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пунктови во салата Борис Трајкоски.
Вакцината ќе биде дадена на околу 3.000 граѓани на закажани термини. Опфатени се вработени кои имаат голем број на контакти на работните места, но и согласно возраста на лицата и евентуални коморбидитети и хронични болести. Меѓу лицата од професии со зголемен број на контакти се вработените во МВР, Армијата, новинари,пожарникари, вработени во детски градинки, возачи на автобуси. Вакцинацијата ќе ја прави тим од 20 медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата се одредени и места за опсервација од 15 до 20 минути по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош. Во текот на вакцинацијата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министертство за здравство, здравствените домови, Институтот за јавно здравје.
Во просек околу 4.000 луѓе на ден ќе бидат вакцинирани на почеток од имунизацијата низ државата.За кратко време се очекува да се воспостави системот и да се оствари планот од 7.000 термини дневно, најави Венко Филипче, министерот за здравство.