Почна новата учебна година за 7000 охридски ученици
На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици.
На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани првачињата во сите основни училишта. Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа стартот на училишниот ден.
По традиција градоначалникот Александар Петрески беше во посета на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата од градот среќа и успешна година. Петрески кажа дека иако имаат проблеми со малите и нередовни средства во образованието, како и загуби од минатото, сепак нема да дозволат тоа да се одрази врз учениците. Градоначалникот потсети на бројните инвестиции и реновирања на училиштата со средства од општинскиот буџет и го повика Министерството за образование дека е редно при распределбата на средства да се сети и на општина Охрид.
„ Јас спомнав, во поголем број општини меѓу кои и Охрид, проблемот со исплата на средствата за гориво и превоз изнесува околу 1 милион евра. Во Охрид пак, долгот е околу 200.000 до 250.000 евра. Ние сме научени да работиме со долгови во последниве 7 години, но не оставаме нити едно дете да е не превезено нити пак, една училница да биде не загреана“.
Директорот на основното училиште „Братство Единство“, Муарем Доко истакна дека нивното училиште е подготвено за успешен старт во новата учебна година. Како мултинационално училиште избрано се избрани од 431 училиште во земјава за модел на училиштата за меѓуетничка интеграција во образованието. Тој задоволно напомена дека во нивното школо расте бројот на запишани ученици. Оваа година се отвориле две нови паралеки на македонски и албански наставен јазик.
„ Големо е задоволството од тенденцијата на зголемување на бројот на учениците.
Порано во Братство учеа 2473 ученици, а за оваа година досега има 1117 ученици.
Во однос на други години бројот расте и апелирам до младите луѓе да не одат надвор од земјава туку да се вклопат тука во градот и животот“, рече Доко.
Во новата учебна година 2012/2013, во општина Охрид настава ќе посетуваат околу 7000 основци и средношколци, а од нив околу 600 -тини ученици во прво одделение во деветолетка.
{loadposition content9}