Skip to main content

Почнаа археолошки ископувања на дел од месноста Дебој

Почнаа археолошки ископувања на дел од  месноста Дебој.

 |  Валентина Неловска  | 
arheologija

Во тек се систематски истаржувања на комплекост Горна Порта непосредно во близина на црквите  Св. Димитрија и Св. Богородица Перивлепта, информира директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска,  за започнатиот  проект предвиден за  2016 година.

deboj„ Тој простор претставува составен дел од комплексот Дебој. Досега во минатите години не е истражуван како останатите простори. На пристапниот пат во непосредна близина на овој локалитет пред 10 т9на години се откри златната  маска и остана да се доистражи уште овој дел“, потенцира Паскали Бунташеска.

Археолошките истражувања ќе се одвиваат на 100 метри квадратни ,а доколку имат потреба ќе има проширување на археолошкото истражување за краток период за влезот пред црквата Св. Богородица да биде слободен, напоменува Паскали Бунташеска.


„Потребната  дозвола за археолошки истражување ја добивме од Управата за заштита на културното наследство. Се надеваме дека ќе имаме вредни откритија кои ќе ги презентираме пред јавноста по  завршување на археолошкото истаржување“, вели Бунташеска.

Со археолошките истражувања ќе раководи стручен тим од археолози. Зафатите се очекува да завршат пред почетокот  на летната сезона до 1 јули.