Skip to main content

Почнаа ораторските средби за охридските основци

Почнаа ораторските средби за охридските основци.

 |  Валентина Неловска  | 
ораторство
ораторство

Симона Кркачоска, шесто одделенка  од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат  на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер.
ораторство
„ Очекувам да се изразувам слободно  и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува  Симона за своите очекувања од овој натпревар.

Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти  го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен  за децата да се дружат, но пред се да стекнат вештини за слободно изразување. Тие способности ќе им користат  при  изборот на нивните идни професионални кариери. Некои од нив ќе станат политичари, актери или новинари, вели Чингоски. За културата на ораторството Чингоски смета дека таа треба повеќе да се негува.

оратстрство„ Кај нас и нема некоја посебна култура да се негува ораторството. Во иднина би требало да им има повеќе вакви настани и повеќе литературни дружења. Ова е убав настан за младите да одат во библиотека да читаат и да се запознаат со делата на големите великани и наши писатели и поети“, подвлекува Чингоски.

Ораторските средби по повод 155 години од наградувањето на поемата „Сердарот”се во организација на општина Охрид во соработка со основните училишта и НУ Библиотека „Григор Прличев “. По пат нa елиминација од 8 -те ученици , кои го прeставуваат своето училиште  ќе се изберат тројца. На 25 овој месец градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, на најдобриот оратор ќе му врачи Ловоров венец.

{loadposition content9}