Почнаа подготовките за големиот спортски настан „ Охрид трчат“
Почнаа подготовките за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што ќе се одржи на 3 јуни. Викендов трката симболично ја отпочнаа новинарите и полициските службеници. Организаторите од Aсоцијацијата за спортови очекуваат поддршка за Охрид да биде дел од светската мапа на градови со маратонски трки.
Стартуваше симболичната, рекреативна трка како најава за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што треба да се одржи за помалку од еден месец. Викендов, на спортскиот настан, трчаа новинарите , полициските службeници од СВР Охрид, спортисти.
„Охрид трчат“ да го свртиме вниманието на јавноста дека се подготвува спортскиот спектакл за 2018. Се разбира да се види дел од патеката, структурите кои работат на безбедноста да се направи план за се да помине во најдобар можен ред. Ние останатите да го анимираме настанот и да ги повикаме охриѓани да се приклучат. „Охрид трчат“ заслужува широк а поддршка“, напомена новинарот Горан Момироски учесник на рекреативната трка.
Покрај Сашо Дончески, командир на полициската станица за општа надлежност, во трката учествуваа уште 3- ца полициски служебници кои дадоа поддршка за престојниот спорстки настан.
„Подготовките започнаа пред 1 месец со членовите на Асоцијата за спортови. Изготвивме проект и сообраќаен план за безбедносниот аспект. Трасата е проверена и се очекува се да биде во ред“, вели Дончески.
Јоне Станкоски од Асоцијацијата на спортови, „Спорт за сите – Сите за спорт“, очекуваат на маратонската трка во јуни во Охрид да допатуваат околу 1000 спортисти. Асоцијацијата во изминатиов период сериозно работела Охрид да го стави на светската мапа на градови во кој се одржуваат маратонски трки.
„Сериозно пристапивме за овој настан. Изработивме студија за спортскиот настан поради безбедноста на тркачите и учесниците во сообраќајот крајно професионално. Апелираме до охриѓани и правните субјекти да се воздржат. Денес најавуваме дека ќе се случи нешто големо што ќе биде гордост и за Охрид и за Македонија. Сите да дадат поддршка“, порача Станкоски.
Главната маратонска трка „ Охрид трчат“ ќе се одржи на 3 јуни. На утврдени патеки низ охридските улици ќе се трча по втор пат на 5 и 10 км. За победниците обезбедени се парични награди. До овој момент има пријава од 70 странски тркачи од САД и Балканските земји, а пријавувањата за трката Охрид трчат ќе траат до 28 мај.