Skip to main content

Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро

Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро.

 |  Валентина Неловска  | 
фф

Започнува новото издание на фолклорниот Фестивалот Разиграно оро. На сцената на Крушевска република вечерва почнува фестивалот  на кое ќе настапат околу 500 играорци од  повеќето Балкански земји и Полска.

„ Фестивалот започнува со дефиле низ охридските улици, до Крушевска република. Во текот на 4 и 5 јули ќе има презентација на фолклорното богатство на земјите учеснички“, кажува кореографот на Разиграно оро Георги  Ставрески.

ффФестивалот одбележува 1 деценија постоење,а низ годините настапиле со  национален фолклор голем број играорци. Рекордна бројка на учесници имало во 2011 година кога гостувале 38 фолклорни групи со 2000 фолклористи . 

„Голема е честа да се настапува на фестивалот. Има голем интерес да се учествува со цел да се презентира  фолклорот  и културно наследство на земјиет уечлнички, вели Ставрески.  
 на дво
Генерален покровител на годинешното издание на Фестивалот Разиграно оро е Полскиот конзулат во Охрид.

На  дводневното издание на фестивалот учествуваат 14 фолклорни групи.