Skip to main content

Ин мемориам

Почина Благоја Силјаноски

Посмртните останки на Благоја Силјаноски во недела (4 септември) од 12 до 12:30 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид по што ќе биде погребан.
 |  инфодеск  | 
Ин мемориам
?????????????????????????????????????????????????????????

Денеска во Охрид на 74 годишна возраст почина Благоја Силјаноски, поранешен претседател на Собранието на општина Охрид, пратеник, новинар, публицист, есеист и писател.  

Силјаноски беше роден е на 29 март 1948 година, во село Белчишта, Дебрца кај Охрид.

По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува последипломските студии и го одбранува магистерскиот труд здобивајќи се со звањето магистер по економски маркетинг.

Работниот век го започнал во Радио Охрид, каде што работел од 1970 до 1975 година, како новинар, уредник и коментатор, а од 1975 година преминува во РТВ Скопје (сегашна МРТВ) како раководител на регионалниот дописен центар во Охрид.

Благоја Силјаноски

Во 1988 година, бил избран за претседател на општинскиот комитет на СКМ Охрид, а од 1990 до 1996 година, беше прв претседател на Собранието на општина Охрид во самостојна суверена и независна Република Македонија.

Во овој период бил и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, и ја предводел македонската делегација на Заедницата во Комитетот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Во 1994 година, на слободните демократски парламентарни избори беше избран за пратеник од педесет и првата изборна единица во Собранието на Република Македонија.

Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и на престижната награда на Охрид 7 Ноември”, сега “Свети Климент Охридски° патронот на Охрид.

Со литературно творештво се занимава од раните детски години кога пишува поезија за деца и објавува во повеќе детски списанија и во периодични весници.

Со проза почнал да се занимава подоцна, пред крајот на работниот век. Досега ги објавил романите: Талкање – Винтрекс° (2003), Бистем (2004), Векослов за светиот град (2004), Охридската инфарктштрасе (2005), Чемерни судбини (2005), сите во издание на НИД Микена од Битола.

По романот „Стуткани сништа “од 2007 година ја издава публицистичко – туристичката проза „Мирисот на патината “ посветена на Охрид.

„Деволски краснопис “ е последно негово печатено дело во 2008 година.

Посмртните останки на Благоја Силјаноски во недела (4 септември) од 12 до 12:30 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид по што ќе биде погребан.