Почина еден од најпознатите кујунџии
Денес на 93 годишна возраст почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски филигранисти.
филигран
Згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Роден во далечната 1920 година во Струга, тој ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.
За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти.
Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.
{loadposition content9}