Почина охриѓанец откако се здобил со тешки повреди при пад од кров
Несреќата се случила додека мажот изведувал градежни работи на куќа што ја градел на сопствена парцела, лоцирана во близина на стариот пат Охрид–Струга.

Охриѓанец на 49-годишна возраст починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, откако претходно бил примен со тешки телесни повреди здобиени при пад од кров на куќа во изградба.
Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 4 јули 2026 година во 22:45 часот. Несреќата се случила додека мажот изведувал градежни работи на куќа што ја градел на сопствена парцела, лоцирана во близина на стариот пат Охрид–Струга.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги расветли околностите под кои се случила несреќата.







