Skip to main content

Резилиентен мир, глас на младите

Почитувајќи ги разликите до помирување и мир

Со отворени погледи на младите и почитување на различностите постои можност за компромис стабилност и мир. Младите од регионот стојат позади ставот Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот. Ова се првичните впечатоци од Меѓународната конференција Објективот на младите за мир и помирување што деновиве се одржува во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Младинска конференција

Меѓународна конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ како клучен настан на проектот „Резилиентен мир, глас за младите“ е во организација на Младински сојуз Крушево. Само со почитување на различните размислувања и идентитети, со отворени погледи, младите од регионот сметаат дека има можност за компромис. Заложбата на Младинскиот сојуз Крушево за градење социјално кохезивни општества насочени кон младите и градење резилинтност кон идни конфликти во регионот е поддржано од Амбасадата на Сад во Македонија. Новоименуваната Амбасадорка Анџела Прајс Агелер на конференцијата со зборовите вие сте иднината им се обрати на присутните млади и им посочи дека тие се клучот за градење на подобра иднина во општествата и државите во регионот.

Вие младите сте новите лидери што ќе ја креираат иднината што вие ја сакате за вашите заедници. За разлика од постарите генерации вие гледате со надеж кон иднината, затоа што вие можете да контролирате кон просперитет и стабилност во регинот заради сите различности што ги има кај сите. Бидете храбри, самоуверени и имајте надеж, и дајте го својот потенцијал да го подобрите вашиот живот и животот на другите што живеат во вашите земји.“, кажа Анџела Прајс Агелер Амбасадорка на САД во Македонија.

Ниту младите не се изземени од тоа што се случува на блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт, кажа Нина Јовановска од Младински сојуз, Крушево.

Ние младите сме свесни за комплексноста на регионот и за односите кои што влечат години наназад, така што искрено се надеваме дека и нашите доносители на одлуки, но и сите останати луѓе во регионот ќе сфатат дека потребно е веќе да се говори за мир и стабилност, а не за нови конфликти и нови предизвици.“, смета Нина Јовановска од Младински сојуз Крушево.

Последните случувања на релација Србија-Косово проследени со пропагдно-политичкото влијание, создава поприлично тензична слика што се одразува на младите од сите заедници, а посебно на Српската и Албанската заедница.

Со оглед што популацијата на Косово е прилично млада, веруваме дека иднината на Косово е во младината. Е, сега, на нас е тоа што со години го зборуваме да го направиме на дело, ние да се завземеме за нашите интереси и за подобрување за нашата иднина.“, смета Мануела Петрович од Грачаница.

Конференцијата е продолжение на претходните акции на проектот „Резилиентен мир, глас за Mlaмладите“. На неа учествуваат 60 младинци од Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.