Skip to main content

Од утре до втори септември

Почнува исплатата на августовската пензија

Од утре започнува исплатата на августовските пензии. За клиентите кои не користат картички, исплатата ќе се врши во четири групи.
 |  инфодеск  | 
Денари минималец

Владата неодамна им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).