Skip to main content

Под клуч чаршиските дуќани

Во охридската чаршија се повеќе се затвараат дуќани. Охриѓани не паметат ваква појава. Велат дека тука секогаш било престиж да имаш дуќан.

 |  Билјана Николовска  | 
Dukani
Дуќани
DukaniОхридските дуќанџии имаат бројни проблеми. Многумина од нив не сакаа да коментираат пред нашата камера за лошата состојба со која се соочува овој еснаф. Неколку од нив се затворени и се издаваат под кирија. Дали економската криза веќе го зема данокот или постојат други околности со точност не може да се каже, бидејќи во Охрид нема еснаф на дуќанџии. И охриѓани се повеќе свесни за ваквата состојба. Велат дека одамна не се сеќаваат на ваква криза во трговскиот еснаф, бидејќи според нив трговијата е гранка која тешко умира.
Охридските дуќанџии секојдневно гледаат како соседите ставаат клуч на своите деловни простори. Тие нема на кој да му ги кажат своите проблеми бидејќи во Охрид нема здружение на дуќанџии, кое би ги застапувало нивните права. По се изгледа секој си  ги застапува само своите. Добрите познавачи на овој еснаф велат дека не паметат ваква криза. Нивните очекувања се дека престојната туристичка сезона ќе ја амортизира лошата состојба. Причина повеќе за ваквата незавидна состојба во која се најдоа трговците се и астрономските кирии. Според чаршиските муабети најниската кирија е во висина од 200 до 500 евра што ја плаќаат кираџиите на дуќаните кои се лоцирани од Охридска банка до чинарот. Од таму пак накај чаршијата започнува нова приказна. Кириите се од 500 па дури и над 1000 евра. Некои од дуќанџиите сметаат дека високите кирии се должат на немањето конкуренција. Тие велат дека доколку Локалната би отворила трговски центар во близина на чинарот, висината на кириите драстично би се намалила како што е случајот во соседниот град Струга. Повеќето од дуќанџиите во охридската чаршија се песимисти. Сметаат дека се повеќе ќе се става клуч на врата на дуќаните во центарот на градот.

{loadposition content9}