Утре во период од 11 до 15 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“.
Преку оваа кампања пред заинтересираните граѓани, ќе бидат презентирани придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.
Промоцијата на згрижувањето има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата.
На настанот ќе биде присутен градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на СОС Детско село и претставниците на ЦПЗС Центрите.