Skip to main content

Потребно е подигање на расадник со автохтони охридски сорти црешна

Во охридскиот регион има потреба од подигање на расадник со  автохтони охридски сорти црешна. Расадникот ќе ја гарантира автохтоноста на сортите и ќе го овозможи пласманот на западноевропскиот пазар. Младите овоштари засега  не се свесни каква можност за заработка пропуштаат, велат поискусните производители на црешна охридска црна и долгашишка. 

 |  Валентина Неловска  | 

Подигање на расадник со автохтони охридски сорти црешна е една од потребите во охридскиот регион за да се заврши процесот на брендирање на црешната охридска црна и долгашишка. Брендирањето на овие две сорти цреша е од пред две години. Посета на охридскиот регион и средба со овоштарите од Здружението „Охридска черешна 2015“ имаше заменик министерот за земјоделие Благе Цветковиќ со неговите соработници. Тие ги слушна потребите и проблемите на овоштарите, но им укажаа и на процедурите кои треба да ги испочитуваат за полесно да ги пласираат производите на европските пазари. Процесот на сертифицирање на автохтоно потекло на црешните долгашишка и охридска црна што побрзо да се заврши,а со тоа што ќе се гарантира автохтоноста на сортите и ќе се овозможи пласманот на црешната на пазарите во Европската унија, вели Ванчо Стојаноски, охридскиот овоштар кој ги одгледува овие две сорти цреши.

„ Државата ги субвенционира овие две сорти и овоштарите се должни да ги пријават нивите во подрачното министерство за земјоделие. Но,од ЕУ ако дојдат ќе бараат сертифициран расданик, а ние немаме. Што побрзо овој процес мора да го заокружиме да се даде производство на расад на помали површини. Според законската регулатива е 3 хектари. За почеток да е на помали површини но преку организирана форма преку задругата“, укажува Стојаноски на законските можности.

Овоштарите може да постигнат добар пласман на производите и заработка од вложениот труд само долклу се здружуваат во задруги. Земјоделството го сфаќаат како споредна гранка, а е доходовен занает ако го наосчите кон органиран пласман, ддова Стојаноски. Иако капацитети има производителите не се свесни какви можности за заработка пропуштаат во овој сектор, вели Стојаноски.


„ Посебно младите овоштари кои одглрдуваат црешни не се свесни што значи да се одгледува расад од овие дев сорти. Ќе ви дадам еден пластичен приемер како некој да Ви даде да произведувате мерцедес. Може неограничени колични да произведувате. Балканскиот пазар ги бара овие 2 сорти и не сфаќаат колку е доходовно“, посочува Стојаноски.

Ванчо Стојаноски напоменува дека Земјоделскиот Институтот дава неколку годишна стручна поддршка, но и подлоги и матичници за подигање на расадник со овие две автохтони сорти цреша.

Во последните 10 години во охридскиот регион и Дебрца одгледувањето на цреши е зголемено за 20 пати. Во регионот има 250 хектари со цреши од кој половината се засадени со автохтоните сорти охридска црна и долгашишка.