Skip to main content

Подигнати црните вреќи смет од градскиот полигон

Подигнати црните вреќи смет од градскиот полигон

 |  Валентина Неловска  | 
poligon
poligon

На одредени делови во градот и понатака никнуваат мини депонии со смет и отпаден шут. Нашите гледачи алармираат и укажуваат на ваквите места. Неодамна несовесен граѓанин се ослободил од отпадот покрај оградата во внатрешниот дел од  градскиот полигон.
gubre
Комуналната инспекција интервенирала утрово. На нивен повик ЈП Комуналец ги отстранило вреќите во кои имало тревен отпад. Од Комуналец напоменуваат дека нивна обврска е да ги чистат само јавните прометни површини.

 Ќесите со отпад се отстранети, но затоа на полигонот остана  мини депонија од градежен шут. Искршени ќерамиди по  реновирање  на нечиј кров наместо на соодветна депонија завршиле на паркинг просторот со кој стопанисува Гранит.
 
Во случајов  станува збор за приватен имот и според членот 6 од Законот за јавна чистота сопствениокт на овој простор е должен да се грижи за просторот. Во членот стои:

„Корисниците односно сопствениците на отворени простории, на јавните објекти и на дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот.“

{loadposition content9}