Skip to main content

Библиотека Григор Прличев

Подигнување на ученичката култура на читање

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид започна кампања за промоција на своите услуги меѓу учениците во основните и средни училишта со цел зачленување и читање лектири. Целта е да се подигне културата на читање, личната култура и образование помеѓу младите и проширувањето на вокабуларот. Кампањата ќе продолжи да се одвива во текот на цел октомври кој воедно се смета за Месец на книгата.
 |  инфодеск  | 
Милчо Јованоски

Меѓу учениците во основните и средни училишта во Охрид, библиотекарите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го промовираат читањето лектири. Активностите започнаа на 5ти октомври, Светскиот ден на учителот, а ќе продолжат во текот на цел октомври кој воедно се смета за Месец на книгата. Идејата да започнеме презентација и промоција на новите лектирни изданија кои се наменети за учениците од основните и средните училишта, e да ги поттикнеме младите генерации повторно да се вратат на читањето книги, вели Милчо Јованоски директор на Библиотеката Григор Прличев од Охрид.

Она што е најважно е тоа што веќе почнаа да доаѓаат на пример ако сме биле во „Христо Узунов“ минатата недела, веќе следниот ден доаѓаат да се зачленат. Тоа е нашата цел да ја подигнеме културата на читање и на личната култура и образование помеѓу младите и проширувањето на вокабуларот.“, кажа Милчо Јованоски директор на Библиотеката Григор Прличев од Охрид.

Библиотеката располага со богат фонд од над 150.000 единици, белетристика и стручна литература од сите области. Само годинава имаа зголемување од 2000 примероци книги, а претходниот месец е набавен дополнителен фонд лектирни изданија за основно и средно образование. Библиотеката нуди можност ученици од социјално загрозени семејства да бидат зачленети бесплатно, а за основците само 200 денари годишно ќе можат да читаат задолжителни и слободни лектири. Младите генерации, повеќе од било кога, се изложени на примање информации он лајн од електронски паметни уреди , но книгата во физички облик никогаш нема да загуби од својата вредност , посебност и значење.

Доаѓаме до ситуацијата да се биде или не, библиотеките биле и останале со векови се надевам дека така ќе биде библиотеките нема никогаш да згаснат. Мислам дека нема да биде истиснато од она што се вели екелтронска книга, затоа што се уште е најтраен медиум книгата, постоеле пожари, земјотреси, поплави , многу работи можат да ви се расипат, многу работи да не ги поседувате, но книгата го надживеала сето она што како време поминало како векови и традиција.“, смета Јованоски.

Утре пак, како продолжение на промотивните активности, во просториите на библиотеката во 14.00 часот ќе се одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“ кое ќе го води библиотекар Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Предавањето е наменето првенствено за едукација на библиотекарски кадар, но отворено е за сите заинтересирани.