Подметнат пожар на депонијата Буково
Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.

На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
„Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот. Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид. “ – велат од јавното претпријатие.
Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.
Од Ј.П.„Охридски Комуналец” го известиле СВР-Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител.
фото: архива ТВМ




