Skip to main content

Поднесено обвинение против две лица од Албанија кои ловеле незаконски во Охридското езеро

Лицата ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов.
 |  инфодеск  | 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.

-На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, информираат од ЈО.