Skip to main content

Подобра организација и вмрежување на туристичките работници за подобри резултати во 2015та

Ова се само дел од надежите и желбите на хотелиерите и угостителите од градов за оваа 2015та година. И едните и другите велат дека се оптимисти и дека бројките годинава ќе одат во посакуваната насока, но со потребните промени.

 |  Мишел Наумоски  | 
hotel
хотел

Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа.

hotel turisti„Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не зборуваме само за туризам и Охридското езеро, туку за Македонија, Охрид, за Струга, да зборуваме за Преспа, за Пелистер, да зборуваме за Галичица. Тогаш да речиме еден концепт да се направи и можеме многу повеќе да направиме понуда. Во тој дел треба стратегија многу поголема.“-вели Љупчо Цветановски-сопственик на хотел Климетица.

„Се надеваме дека барем ќе го задржиме ова ниво од 2014та и ќе одиме нешто понапред како и секоја година што сакаме да сме нешто плус од претходната. Генерално по истиот терк продолжуваме. Ние секогаш зимскиот период после Нова Година го користиме за делумо и целосно реновирање на одредени хотелски содржини, дали внатре во собите, во рестораните или надвор на плажите, базените рекреативниот, спортскиот центар и сите тие содржини мора да се подготвени така да веќе во Март месец или Април кога подинамично ќе почне работата за нас, да е се како што треба подготвено.“-рече претставникот за продажба во хотели Метропол, Атанас Николоски.

hoteli 2015taОд угостителскиот еснаф пак сметаат дека се потребни неминовни промени и новини за да се постигнат соодветни резултати. Еве што тие очекуваат од 2015та година.

„Квалитативно подобрување на нашата понуда и поголемо и посолидно организирање, умрежување со организации кои се занимаваат со туризам и угостителство, на едно повисоко ниво, да го покренеме приодот кон угостителството, зборувам за целиот регион, не само Охрид, бидејќи сами ќе сме релативно слаби, но ако размислуваме на ниво на република, тогаш можеме да се надеваме за посолидни резултати од таа гледна точка.“-изјави Михаил Мишев од Угостителскиот еснаф.

gosti restoranСпоред Љупчо Патчев, угостител со долгогодишно искуство во областа, потребна е една поцелосна поддршка и промоција на понудата на Охрид, пред се од медиумите.

„Јас сум секогаш оптимист, и во најтешките времиња и мислам дека од година во година и во тешки ситуации како сега, со кризи, еве и Европа е со неколку војни, дека Охрид ќе биде град како што бил, со традиција и се надевам дека ќе работиме уште подобро. Треба да се стави малку акцентот на некои работи, но Владата и локалната самоуправа си знаат тоа сами, разговараме што да се поправи.“-смета Љупчо Патчев-угостител.

Сепак едно е заедничко и за хотелиерите и за угостителите, а тоа е мислата дека 2014та година и постигнатите резултати во неа се веќе минато, и дека во оваа 2015та година, со поголема посветеност може да се дојде до посакуваните резултати.

{loadposition content9}