Туризам

Подобрена наплатата на туристичка такса

Инкасираната сума полека се доближува до износот уплатен во периодот пред пандемијата. Прикривање на туристичка такса имало и ќе има, велат од Тлер.
 |  Валентина Неловска  | 
Охрид

Во охридската општинска каса инкасирани близу 18 милиони денари туристичка такса во 2022 година. Износот покажува тенденција на зголемување на уплатите по овој основ во споредба со изминатите 2 години и стабилизација на приходот од туристичката такса после пандемискиот период , вели Ѓоко Апостолов од Тлер Охрид. Во пред пандемискиот период имавме наплата од 21 до 22 милиони денари. Во 2022 година, наплата достигна сума од 17. 498. 585 илјади денари со што полека се враќаме на нивото на наплатата од пред пандемијата, вели Апостолов.

Дивоградби

Доколку гледаме по категории на уплата на таксата и тука се враќаме на претходната состојба. Сумата од 15,5 милиони денари е уплатена од хотелските објекти, а 2 милиони од приватните станоиздавачи. Сметам дека не треба да се земе предвид за компарирање 2021 година иако минатата година има зголемена уплата. Оваа година, верувам, дека ќе ја достигнеме наплатата на туристичкатат такса како пред пандемискиот период“, вели Апостолов.

Во општинскиот регистар се запишани околу 2500 приватни станоиздавачи кои имаат тригодишни решенија за обавување на туристичка дејност. По изминувањето на рокот на решенијата некои станоиздавачи не го продолжуваат обавувањето на дејноста, други го продолжуваат, а има уписи и на нови сместувачки капацитети, подвлекува Апостолов. Но, има и такви кои не плаќаат туристичка такса.

Водици 2023

„Прикривање на такса имало и ќе има. Законските механизми ни се ограничени. Имаше најави за формирање на туристичка полиција, имаше обиди за измена на законот за наплата на туристичка такса, но досега нема ефекти. Во иднина ќе дејствуваме за поттик на промени кои се во домен на министерството за економија и собранието“, кажува Апостолов.

Согласно законот, средствата прибрани од туристичката такса треба да се реинвестираат во туризмот. Апостолов напоменува дека средствата се употребуваат во повеќе области за да се подобрат условите во туризмот како за граѓаните така и за гостите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top